Пензија ќе земаат и оние кои немаат 15 години стаж, но само ако немаат други приходи. Најверојатно износот ќе биде 40 отсто од просечната старосна пензија или близу 6 000 денари. Мерката ќе стартува најдоцна до 2020. Од Министерството за труд потврдија дека ги прибираат податоците и прават анализи за тоа колку граѓани постари од 65 години не го исполнуваат условот за пензиски стаж. По направените анализи во најкраток рок ќе достават предлог решение – да се воведе социјалната пензија. – За реализација на оваа мерка потребна е анализа со која ќе се дефинира опфатот на граѓани и тоа, граѓани кои живеат на територија на Република Македонија имаат македонско државјанство и имаат живеалиште на територијата на државата. Исто така, целта е да се опфатат и граѓани кои веќе имале период на осигурување и определен период на работен стаж во Република Македонија, но тој стаж е под 15 години и немаат стаж на осигурување во друга држава со која Република Македонија применува договор за социјално...